Информатика

Microsoft Excel е програмa наменетa за табеларни калкулации и е дел од Microsoft Office пакетот.
Ексел припаѓа на канцелариски софтвер достапен за Мак ОС и Виндоус, со актуелните верзии 2011, односно 2010. Популарноста на ексел е во примамливиот концепт на вкрстени табели и добрата прегледност преку графикони, формули, листи, табели и други структури.

Microsoft PowerPoint, обично се нарекува само PowerPoint, е комерцијална програма за презентација развиена од страна Microsoft. Тоа е дел од Microsoft Office пакетот и работи на Microsoft Windows и Mac OS X на Apple оперативниот систем. Тековните верзии се Microsoft PowerPoint 2010 за Windows и 2011 за Mac.

Microsoft Word е програмa за уредување на текст и е дел од Microsoft Office пакетот.
Програмата Word е од типот визивинг (англиски : wysiwyg - What You See Is What You Get - „Што видиш, тоа и добиеш“), што значо дека програмата во текто на самата обработка прикажува како ќе изгледа текстот кога ќе се отштампа.
Првото издание на овој програм било на 2 мај 1983 година, за оперативниот систем MC DOS. Ова издание не било добро прифатено од корисниците, туку се користени програми како Ворд Перфект. Со успешната маркетиншка кампања, како и континуираниот развој, Мајкрософт Ворд подоцна успеја да ја потисне конкуренцијата и денес да претставува универзален текст-процесор присутен на скоро секој компјутер со оперативниот систем винодоуз.Луѓето кој не го користат Мајкрософт Офис имаат проблеми со Вордовите документи, бидејќи тие се широко распространети. Многу програми како Абиворд, Опен Офис и друг имаат посебни можности за увезување и извезување на документите на ворд преку посебни филтери, за да нивните корисници можат попрегледано да ги користат овие документи. Олеснителна околност е што има направено посебна библиотека во јава, која овозможува читање на бинарните документи на Ворд. Во последните 10 години, мајкрософт обезбеди и бесплатен софтвер за прегледување на ворд документи.

 

Како и другите програм од Мајкрософт офис, Ворд може да биде обликуван да одговара на конкретни кориснички потреби. Исто така, можно е додавање на нови можности, користејќи го макро јазикот, кој првобитно се викал Вордбејсик (на англиски : WordBasic), но потоа се преименувал во „Вижуал бејсик за апликации“ (на англиски : Visual Basic for applications). Меѓутоа, ова претставува и лесен начин за добивање на вируси во документи.Форматите на различните верзии на ворд се разликуваат неприметно. Доколку го зачувате документот во нова верзија на Ворд, тоа не мора да значи ека истиот ќе можете да го прегледате во постарата верзија, поради некоја нова особина која постарата верзија не ја поддржува. Форматот на документите во Ворд 97 се отворени за широката народна маса, додека неговите следбеници се чуваат во тајна и се достапни само за партнерите на Мајкрософт, владите на некои држави и други определени институции.

Mozilla Firefox (во превод „огнена лисица“; мак. изг. [мозила фаерфокс]) e популарен веб прелистувач којшто спаѓа во категоријата на слободен софтвер, или софтвер со отворен код. Некои од можностите на Firefox се: прелистување со јазичиња, блокирање на несакани скокачки прозорци, активни обележувачи, интегрирано пребарување со Google или било кој друг сличен сервис кој ќе го додадете и огромен број на проширувања кои можете сами да ги инсталирате за да го прилагодите Firefox на своите потреби.
Firefox работи на оперативните системи Windows, Linux и Mac OS X. Mozilla Firefox овозможува брзо и безбедно прелистување по интернет.

Google Chrome или транскрибирано Гугл Хром е веб пребарувач кој е развиен од Google или Гугл кој употребува Гугл веб кит основа за стартување. Прво се пушти како бета верзија за Микрософт Виндоус на 2 септември 2008 и јавното стабилно пуштање беше на 11 декември 2008. Името е изведено од графичка корисничка интерфејс рамка или Хром за веб пребарувачи. Од април 2011 Хром беше третиот најшироко употребуван пребарувач со 12% ширум светот взаемна употреба на веб пребарувачи според мрежните апликации. Во септември 2008 Гугл пушти голем дел од изворниот код на Хром вклучувајќи и неговата В8 Јава Скрипт машинерија како отворен извор на проектот именуван како Хромиум. Ова движење им овозможи на развивачите на третата страна да го изучат подвелчениот изворен код и им помогна да го конвертираат пребарувачот до Mек OС X и Линукс отворени системи. Гугл исто така изрази надеж дека другите пребарувачи ќе го прифатат В 8 за да го подобрат перформансот на веб апликацијата. Автроскиот дел на Гугл на Хромиум се пушти со БСД дозволата која овозможува делови да бидат инкорпорирани и во отворен извор на софтверски програми и со затворен извор. Другите делови на изворниот код се предмет на различни дозволи на отворен извор. Хромиум ги имплементира истите карактеристики како Хром но му неодстига автоматско апдејтирање и брендот на Гугл има најзабележливо лого со сина боја наместо логото во повеќе бои на Гугл.

Opera е бесплатен веб прелистувач развиен од норвешката компанија Opera Software. Прелистувачот е мултиплатформски, односно можно е да се користи во повеќе оперативни системи.
Прв пат „Opera“ се појави за Windows оперативниот систем во 1996 година, а денеска актуелна е верзијата 10.10.
„Opera“ се справува со вообичаени интернет-ориентирани задачи како: приказ на мрежни страници, праќање и примање електронски пораки, ракување со контакти, IRC дискусии, преземање податотеки преку BitTorrent и читање на известувања. „Opera“ е бесплатна за персонални компјутери и мобилни телефони, но е комерцијален производ за останати уреди.
Главни одлики на „Opera“ се голема брзина, прелистување во јазичиња, зумирање на страници, гестови со глушец и вграден управувач за преземања. Безбедносните одлики вклучуваат вградена phishing заштита, силна енкрипција при прелистување безбедни мрежни места, како и можност за лесно бришење приватни податоци од тип на HTTP колачиња и прелистувачка историја со едноставно притискање на копче.

Microsoft Windows

Microsoft Windows е фамилија на оперативни системи, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Функционираат на различни типови на платформи како: сервери, персонални компјутери и мобилни уреди. Корпорацијата Мајкрософт најпрво ја претставила оперативната околина наречена Windows во ноември 1985 како надградба на МС-ДОС, одговор на растечкиот тренд на графички кориснички интерфејси популаризиран од страна на Apple. Microsoft Windows е дојден до степен на доминација во светот на персоналните компјутери, со проценка дека држат околу 90% од светскиот пазар на оперативни системи.


 Линукс

Линукс (познат и како ГНУ/Линукс) е јадро т.е. кернел за оперативен систем. Започнат е како хоби проект на Линус Торвалдс во 1991, а со помош на огромен број програмери од целиот свет, денес е еден од најпознатите примери за Слободен софтвер. Терминот Линукс се однесува стриктно на Линукс кернелот, но денес често се користи за да се опише целиот оперативен систем, кој е всушност комбинација на Линукс кернелот и ГНУ алатките. Оттаму, фер и правилно e користењето на терминот „ГНУ/Линукс“ во контекст на оперативниот систем во целост. Постојат повеќе од 300 различни дистрибуции на ГНУ/Линукс. На почетокот Линукс бил развиван и користен од страна на ентузијасти. Од тогаш па наваму како алтернатива на неслободните Unix и Microsoft Windows, Линукс ја има добиено поддршката на неколку од мамутите во индустријата за информатичка технологија како што се IBM и Hewlett-Packard. Линукс исто така станува сè попопуларен како оперативен систем за работни станици (работна површина). Аналитичарите го препишуваат овој успех на независноста од компаниите, ниската цена за имплементација, безбедноста и стабилноста.


No comments:

Post a Comment