Вицови

Домашна

Учителката му вели на малиот Трпе утре да дојде со дедо му.
- Зошто учителке баш со дедо ми?
- Па да му кажам дека син му ги греши сите домашни!


Дресови

Влегува некој фан на Барселона во продавница за спортски реквизити и прашува:
- Имате ли дрес од Барселона?
- Имаме, од кој сакате, од играчите или од судиите?


Возачка дозвола

Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува:
- И, како? Положи ли?
- Не знам, членот од комисијата е сеуште во болница.


Глагол

Наставничката му вели на Трпе:
- Кажи го во сегашно време глаголот оди.
- Јас одам, ти одиш, тој оди…
- Побрзо бе Трпе.
- Јас бегам, ти бегаш, тој бега…


2 comments:

  1. АХАХХАХА најсмешен виц ми е со Возачка дозвола.хааххаах

    ReplyDelete