Челзи

ФК Челзи

ФК Челзи (англиски: Chelsea F.C.) е англиски професионален фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1908 година. Тренер на екипата е Карло Анчелоти од Италија. Сопственик е Роман Абрамович од Русија. Челси има 4 титули во англискиот фудбал (1 во Прва Дивизија и 3 во Премиер Лига). Во сезоната 2006-2007 го освоил второто место зад Манчестер Јунајтед. Познати и како “сините”, или во подамнешно време како “пензионерите”, фудбалскиот клуб Челси во најголем дел од својата историја е во елитната Англиска Премиер Лига. За свој прв успех го смета финалето на Англискиот куп, каде што губи од тогашен Шефилд. Сепак својот прв поголем успех го забележува во 1955-та со освојување на тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживува во последната декада со две победи во Англиската лига и финале во Лигата на Шампионите, каде загубува од својот ривал Манчестер Јунајтед. Својот дом (Стемфорд Бриџ) со капацитет од 42,500 луѓе го наоѓа во Фулам(Западен Лондон). Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот1 Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесетиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил често пати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со поцетна цена од 1-на фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години. Својот “кам-бек” Челси го пронаоѓа со двата Италијански селектори: Џанлуча Виали, и Клаудио Раниери (1994-2003). Во 2003 клубот е продаден на Рускиот милијардер Роман Абрамович за сума од дури 140 милиони фунти. Тогаш беа потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не беше веќе способен за нови освојувања, па затоа беше заменат со Португалскиот селектор Џозе Мурињо. Набрзо Мурињо освојува две Лигашки и една Купска победа на островот, по што е заменет со селекторот Аврам Грант (2007). Ни овај селектор не останува подолго на клупата, па набрзо е сменет со Луиж Фелипе Сколари (2008). Луиж не направи многу за клубот, и од таа причина на кормилото на Челси дојде ветеранот2 Гус Хидинг (2009). Два дена по завршувањето на договорот со Гус Хидинг, Челси потпиша договор со Карло Анчелоти, поранешен менаџер на Милан. Анчелоти ги одведе Челси до нивната прва двојна титула, во лигата, и на ФА купот. Анчелоти го прекина договорот со Челси во Мај 2011, и беше заменет од Андре Вилаш-Боаш, кој дојде од Порто.

Фернандо Торес

Фернандо Торес (шпански: Fernando Torres, роден на 20 март 1984}) е шпански фудбалер кој во моментот настапува за екипата на ФК Челзи.
Својата кариера ја започнал како гоман, но бидејќи изгубил многу заби почнал да игра како напаѓач. Тој почнал да игра фудбал кога имал пет години, а професионалната кариера ја започнал на 11 годишна возраст кога играл за Атлетико Мадрид.
Фернандо Торес својата професионална кариера ја започнал во 2001 година како играч на ФК Атлетико Мадрид, и во истиот тим се задржал до 2007 година, кога преминал во ФК Ливерпул за 36 милиони евра. Во Ливерпул постигнал 65 голови во 102 натпревари.
Во 2011 преминал во ФК Челзи за рекордна сума во англиската лига од 50 милиони британски фунти.
За Шпанската фудбалска репрезентација дебитирал во 2003 година.

No comments:

Post a Comment