ФК Партизан

ФК Партизан

ФК Партизан е фудбалски клуб од Белград. 23 пати ја има освоено шампионската титула (прво на СФРЈ, подоцна на Југославија и на крајот на Србија), а освојувач е и на 12 национални купови. Најголем успех на Партизан на европско тло е финалето во Купот на европските шампиони против мадридски Реал. По распадот на заедничката држава, Партизан е првиот клуб од Србија кој се има пласирано во Лигата на шампионите и кој ја има поминато фазата по групи во Купот на УЕФА, стигнувајќи до осминафиналето.Партизан е основан на 4 октомври 1945 година, како дел од Југословенското спортско друштво. Клубот сè уште е член на истото друштво, чие име денес е променето во Спортско друштво на Србија и кое брои 25 клубови во различни спортови, но е потполно независно во поглед на организација, управа, финансии, материјални средства и објекти.
На почетокот формиран е под закрила на Југословенската Народна Армија, поради што и самиот стадион на Партизан долго време го носи името Стадион ЈНА. Сепак, на почетокот на 1950тите станува независен од војската. Првиот меѓународен натпревар, Партизан го одигрува на 6 декември 1946 година против ЦСКА Москва.
Моментално, боите на Партизан се црна и бела, иако првите 13 години дресовите им се во сино-црвена комбинација.
Навивачите на Партизан, познати под името Гробари, се организираат кон крајот на 1970тите. Прекарот го добиваат од навивачите на нивниот најголем ривал – Црвена Ѕвезда - кои на ваков начин алудираат на воглавно црната клупска боја, која е сосема иста како облеката на гробарите.
За време на постоењето на СФРЈ, Гробарите, заедно со уште неколку навивачки групи на територијата на поранешна Југославија, важат за едни од најсложните и најпосветените навивачи; сепак, по распадот на заедничката држава, доаѓа до несогласувања во рамките на навивачката група, па од 1999 година, до денес постојано следат поделби.
Денес постојат три посебни групи: Јужен фронт, Гробари 1970 и Гробари Белград.
Стадионот на Партизан е објект со најдолга спортска традиција во Југославија. Се наоѓа на местото каде пред почетокот на Втората светска војна, било сместено игралиштето на тогашниот шампион БСКБелградски Спортски Клуб.
Непосредно по завршувањето на војната, започнува изградбата на модерен стадион токму на тоа место. На 9 октомври 1949 година на него е одигран првиот натпревар, и тоа меѓу Југославија и Франција (1:1) во квалификациите за Светското првенство 1950 година.
Од пеесетите до 1987 година, стадионот се користи како цел на годишниот фестивал наречен „Ден на младоста“. На секој 25 мај, „Штафетата на младоста“ е предавана на Јосип Броз Тито, претседателот на Југославија, токму на Стадионот ЈНА.
Долго време, стадионот на Партизан прима 55.000 навивачи, бројка која многу често е и надминувана за време на поважните натпревари; сепак поради заострените критериуми на Меѓународната фудбалска асоцијација, стадионот е реконструиран во 1998 година, па по оваа интервенција гледалиштето е сведено на 32.710 места.

1 comment: